14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Етна повторно активна, исфрла лава како од фонтана

Вулканот Етна на јужниот италијански остров Сицилија е повторно активен, вистинска фонтана од лавата се спушта на југоисточната страна од вулканот.

На ерупцијата ѝ претходеа неколку експлозии што се слушнаа далеку, од кратерот излегуваше чад, а околните места беа покриени со вулкански пепел.

И покрај густиот чад и пепелот, засега не е прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, центарот на Сицилија.

Според Националниот институт за геофизика, изворот на лавата се наоѓа на надморска височина од 3.000 метри.

Во 2011 година вулканот Етна беше ставен на списокот со светско наследство на УНЕСКО.

Можеби ќе ве интересира

Опасност од ерупција на вулканот Гримсвотн на Исланд

CENTAR MKD