23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Горат цркви во Канада, пожарите сомнителни за властите, доаѓаат по откритието на масовните гробници

По грозоморното откривање на масовни гробници, горат цркви во Канада, за неполни два часа изгореа уште две, јавуваат медиумите.

Четири католички цркви изгореа во западна Канада само минатата недела, вклучително и две цркви во Британска Колумбија, област населена со домородни Индијанци.
Полицијата објави дека црквите се целосно уништени, наведувајќи дека сметаат дека пожарите се „сомнителни“, објавија агенциите.

„Досега нема уапсени или обвинети лица, а истрагата сè уште трае“, изјави портпаролот на полицијата Џејсон Бојд.

Веста за, очигледно, намерно запалените цркви во Канада, доаѓа по откритието што ја шокираше таа земја, но и голем дел од светот.

Минатата недела, автохтоно племе објави откривање на 750 нови неименувани гробници на местото на некогашниот интернат, што откри дел од агонијата низ која поминале децата на автохтоното население во католичките училишта за асимилација.

„Истражувањето го започнавме со георадар на 2 јуни и до вчера пронајдовме 751 необележан гроб“, изјавија официјалните власти.

Тоа е ново откритие во општината Мариевал на западот од земјата, второ за помалку од еден месец.

„Некои можеа да се идентификуваат, но претставниците на Црквата ги тргнаа надгробните споменици“, рече тој.

Тоа е кривично дело во Канада.

„Тоа не е масовна гробница, тоа се неидентификувани гробници“, рече официјалното лице.

Премиерот Џастин Трудо исто така издаде соопштение во кое се вели дека Канада мора да извлече поуки од минатото и да тргне кон помирување.