14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев за српски Курир: Фамилијата ми е светост, живеам со моите родители и братучеди

„Живеам во Струмица, таму ми живеат и децата и сопругата, во иста куќа со моите родители. Живееме среќно, не премногу богато. До нас се моите братучеди, сите сме тука, има многу деца, млади. Не ни пречи гужвата, напротив, фамилијата е светост и тука мислам на широката фамилија, на сите Заеви заедно“ вели премиерот Зоран Заев во интервју за српски „Курир“.

„Може да изгубиме се и компаниите и се, но фамилијата никогаш. И нивите ги чуваме и за ништо не ги продаваме. Доколку го загубиме целиот капитал, важно е да ја сочуваме фамилијата, па да може да се вратиме на нивите и да работиме“ вели премиерот Заев.

Тој додава дека фамилијарните бизниси не им зависат ниту од домашната, ниту од меѓународната политика и дека 99 проценти од производите што ги продаваат одат за извоз.

„Тоа е добро за мене бидејќи доколку некои државни институции користат некој производ, ќе биде тешко да се објасни како компанијата ја добила таа работа“ вели Заев.

Во интервјуто за српски „Курир“ премиерот Заев повторува дека според него, премиер треба да биде на функција најмногу два мандата за да не прерасне во автократ.

„Премиер треба да биде на функција најмногу два мандата, бидејќи постои ризик после тоа да стане автократ. Секаде постои тој ризик, но на Балканот особено. Здраво е секогаш да доаѓаат нови луѓе. Сега сум во вториот мандат, кој треба да трае до 2024 година и верувам дека тогаш ќе го завршам. Потоа ќе се вратам во нашите компании“ кажа Заев.

Спонзорирано: