12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев за српски Курир: Кинезите почнаа да користат наш ајвар како кечап на пици

„Најпозната фирма на моето семејство е фирмата „Тргопродукт“, нашата матична фирма, врзана за сите други. Сега е доминантно производител на надалеку познатиот ајвар „Мама’с“, но и крастивички, салати…Производите ни се продаваат секаде во светот, во Јапонија, Канада, Русија, Америка, Европа. И Кинезите почнаа да користат наш ајвар како кечап на пиците“ вели премиерот Зоран Заев во интерввју за српски „Курир“.

„Бизнисот не ми зависи никако од политиката, ниту домашната, ниту меѓународната. Тоа што продаваме 99 проценти оди за извоз. Тоа е добро за мене бидејќи доколку некои државни институции користат некој производ, ќе биде тешко да се објасни како компанијата ја добила таа работа. Своевремено во градинка во Струмица нашиот ‘Биопродукт’ на јавно наддавање доби работа за само 2000 евра годишно и одма се направи проблем околу тоа“ кажа премиерот Заев.

„Кога ме поврзуваат за афери, па и аферата „рекет“, само можам да им кажам дека тоа е во ред, бидејќи нема врска со мене. Растеретен сум од пари, бидејќи пари имам цел живот, буквално од кога знам за себе. Поради тоа немам никакви причини да правам незаконски работи или да влегувам во нешто што е макар и неетично“ вели Заев.

Тој додава дека неговото семејство е спремно да помогне каде што може, бидејќи парите не може да се носат во гроб.

„Живеам во Струмица, таму ми живеат и децата, сопртугата, во истата куќа со моите родители. Живееме среќно, не премногу богато, бидејќи во нашата куќа владее правилото дека пари во куќата треба да има колку што е доволно за нормален и добара живот. Се останато е капитал и инвестиции“ вели Заев.

Лидерот на СДСМ објасни дека сите Заеви живеат едни покрај други и дека гужвата не им пречи.

„Фамилијата е светост. Тука мислам на широкото семејство, на сите Заеви заедни. Може да изгубиме се и компаниите и се, но фамилијата никогаш. И нивите ги чуваме и за ништо не ги продаваме. Доколку го загубиме целиот капитал, важно е да ја сочуваме фамилијата, па да може да се вратиме на нивите и да работиме“ вели премиерот Заев.