11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ратко Младиќ правосилно осуден на доживотен затвор

Жалбениот совет на Механизмот за меѓународни кривични судови (МИЦТ) со седиште во Хаг донесе конечна пресуда против воениот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ.

Тој е правосилно осуден на доживотен затвор. Со ова, потврдена е пресудата со која тој беше прогласен за виновен за најтешки воени злосторства за време на војната во БиХ, вклучително и геноцидот во Сребреница. Пресудата беше обжалена од обвинителството и одбраната.

Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија ја донесе првостепената пресуда во ноември 2017 година.

Судењето против Младиќ почна во мај 2012 година. Тој беше уапсен во мај 2011 година, по 12 години криење, во Лазарево, Србија и екстрадиран во Хаг. На 25 јули 1995 година, Хашкото обвинителство го достави првото обвинение до Трибуналот, кое конечно беше прецизирано во 2002 година.

За време на судењето, Младиќ ја негираше вината и се обиде да ги оспори наводите на обвинителството и исказите на сведоците. Поради неговото лошо здравје, неговото семејство и адвокатите повеќепати бараа медицински третман на слобода, но Хашкиот трибунал и подоцна Механизмот не ги усвоија тие барања до денес.

Спонзорирано: