22.8 C
Скопје
19. јуни 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Бил Гејтс доаѓал на работа со „мерцедес“, а со љубовниците се среќавал во златно „порше“

Поранешни вработени во „Мајкрософт“ тврдат дека сите биле свесни за љубовните афери на Бил Гејтс и дека тој имал добро разработен план како да ги изведе. Помошничката обично пристигала на работа со автомобил кој потоа тој го возел во текот на денот за да ги прикрие своите движења.

Списанието „Венити фер“ објави сторија во која поранешни вработени во „Мајкрософт“ откриваат како Гејтс се наоѓал со љубовниците и како ги покривал трагите.

Еден од најбогатите луѓе во светот, кој на 4 мај објави дека се разведува од сопругата Мелинда, наводно, доаѓал на работа во „мерцедес“ и потоа се возел во златно „порше“ на состаноците за кои се верува дека биле со љубовници.

„Сите знаевме дека тој имаше љубовница во тоа време. Одеше на многу состаноци што воопшто не беа на неговиот календар“, изјави еден од вработените за „Венити фер“.

Еден од луѓето на Мелинда наводно ангажирал приватен истражител за да ги следи активностите на Гејтс пред да се разведе двојката.

Некои поранешни соработници на Гејтс ги негираа наводите дека шефот на „Мајкрософт“ имал љубовни афери.