26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Фаучи ја повика Кина да објави податоци за деветмина вработени во лабораторијата во Вухан

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи ја повика Кина да објави медицински податоци за деветмина вработени во лабораторијата во Вухан, бидејќи тие можат да укажат на клучни траги дали Ковид-19 излегол од лабораторијата, објави „Фајненшл тајмс“.

„Би сакал да ја видам медицинската документација за три лица на кои им се слошило во 2019 година. Дали беа навистина болни и ако е така, што ги разболе“, рече Фаучи.

Потеклото на вирусот сè уште е спорно, а американските разузнавачки агенции ги испитуваат тврдењата дека истражувачите во лабораторијата за вируси во кинески Вухан се разболеле во 2019 година, еден месец пред да биде пријавен првиот случај на Ковид-19, пренесува „Ројтерс“.

Сепак, кинески научници и официјални лица ја отфрлаат тезата дека вирусот излегол од лабораторијата, наведувајќи дека тој можел да циркулира во други региони пред да пристигне во Вухан и дека можеби влегол во Кина преку увезена замрзната храна.

„Фајненшл тајмс“ наведува дека Фаучи верува дека вирусот најпрво бил пренесен од животно на човек, нагласувајќи дека дури и ако лабораториските истражувачи се заразиле со Ковид-19, тие можеле да бидат заразени од општата популација.