26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

САД ги запреа истражувањата за нафта и гас на Алјаска, каде што живеат поларни мечки

Владата на американскиот претседател Џо Бајден ги прекина сите активности поврзани со истражување на нафта и гас во најголемото заштитено природно подрачје на САД, Алјаска, каде што живеат поларни мечки.

Суспензијата ќе остане на сила сè додека не се направи сеопфатна анализа според законот за животна средина, соопшти американското Министерство за природни ресурси и управување со земјиштето.

Откриени се правни недостатоци во доделувањето на правата за дупчење во Националниот резерват за диви животни на Арктикот на североистокот на државата, соопшти Министерството.

Со овој потег е запрена контроверзната одлука на поранешниот претседател Доналд Трамп за доделување права за дупчење на 10 години само две недели пред да ја напушти функцијата во јануари.

Администрацијата на Трамп го отвори патот за дупчење во 2017 година со измена на законот и се соочи со значителен отпор од еколошките организации.
Природниот резерват зафаќа површина од околу 80.000 квадратни метри.