17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Експерт на СЗО: САД мора да ги споделат податоците за потеклото на коронавирусот

Здравствен експерт поврзан со Светската здравствена организација (СЗО) ги повика САД да ги споделат сите податоци за потеклото на епидемијата на коронавирусот со СЗО и научната заедница.

Американскиот весник „Волстрит журнал“ минатата недела објави, повикувајќи се на американски разузнавачки агенции, дека тројца неименувани членови на персоналот на лабораторијата во кинескиот град Вухан имале симптоми на ковид во ноември 2019 година и дека биле толку болни што морале да одат во болница, пренесува британски „Гардијан“.

Шефовите на разузнавачките служби на САД подоцна истакнаа дека не знаеле како на почетокот се пренесувал вирусот, но дека имаат две теории: или дека природно се појавил при контакт на луѓето со заразени животни, или станува збор за лабораториски инцидент.

Доктор Дејв Фишер, претседател на Ммрежата за глобално предупредување и реакција која е координирана од СЗО, изјави за радио „Би-би-си“ дека теоријата дека вирусот е направен во лабораторија не е симната од масата, туку останува неиспитана.

Фишер ги повика САД да ги споделат сите разузнавачки информации што ги имаат, наведувајќи дека „Волстрит журнал“ всушност не е начин за споделување научни факти.

Истрагата на експертите на СЗО на почетокот на оваа година покажа дека е крајно малку веројатно дека пандемијата започнала со лабораториски инцидент, пренесува „Гардијан“, но додава дека проектната задача на мисијата на СЗО, договорена со Кина, била ограничена на проучување на потенцијалното животинско потекло на вирусот.

Спонзорирано: