8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Милановиќ и Пленковиќ во конфликт поради Бугарија и Македонија, во Хрватска вербално нападнати Бугари

Според извештајот на бугарската амбасадорка во Хрватска, Генка Весилева Георгиева, во последните неколку дена, по изјавата на претседателот Зоран Милановиќ, во Загреб се евидентирани три инциденти со бугарски државјани, пренесува „Јутарњи лист“.

Имено, пред осум дена, Милановиќ на Брдо кај Крањ рече дека Северна Македонија е во невозможна позиција и дека една членка на Унијата влегува во нејзиниот интимен простор барајќи да ја дефинира својата национална генеза во учебниците по историја како што бара соседната држава“. Тој не ја именуваше Бугарија, но хрватската амбасадорка во Софија, Јасна Огњановац, беше повикана на разговор во бугарското Министерство за надворешни работи, каде што ѝ беше речено дека изјавите на Милановиќ се неприфатливи.

Според првиот извештај, цел била постара дама, бугарскa државјанка, која била нападната од таксист. Во извештајот се наведува дека таа влегла во такси, а возачот остро ѝ приговорил бидејќи силно ја затворила вратата. Потоа ја прашал од каде е, и кога го слушнал одговорот дека е од Бугарија, следувал агресивен вербален напад: „Вие Бугари со валканата политика кон Македонија доаѓате да живеете тука во нашата прекрасна Хрватска“.

„Јутарњи лист“ наведува дека таксистот го запрел автомобилот, ја замолил дамата да плати за возењето и да излезе од возилото. Дамата излегла и го замолила возачот да и помогне околу тешка торба од багажникот, на што тој грубо ја фрлил торбата, па дамата, наводно, паднала на подот поради тоа.

Во вториот случај, исто така бугарска државјанка пријавила дека предмети биле фрлени кон нејзиниот сопруг на пазарот. На тоа претходела дискусија за потеклото на стоката што се продава, а тоа довело до прашање за потеклото на учесниците во дискусијата. Продавачот започнал да го навредува бугарскиот државјанин затоа што, се вели во извештајот, „Бугарија ја уценува несреќната Македонија“, а потоа кон него бил фрлен предмет.

Во третиот случај, наводно, на синот на бугарски државјанин му е забранет пристап до градинка во Загреб. Сепак, по сомневањата за дискриминација на детето и интервенцијата на амбасадата, случајот е решен, пренесува „Јутарњи лист“.

Денес, сепак, работите се вжештија на домашниот политички план во Хрватска, бидејќи премиерот Андреј Пленковиќ, истакнувајќи дека претседателот на Републиката постојано го навредува, го нарече Милановиќ хушкач и измамник и виновник за нападот врз тројца Бугари во Хрватска. Вечерта, ХДЗ го истакна тоа на својот официјален Твитер, наведувајќи дека бугарските државјани се нападнати поради хушкачот од Пантовчак.

Спонзорирано: