16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Карантин само за патниците од Индија

Задолжителен 14-дневен карантин отсега ќе има само за патниците од Индија, одлучи Владата на денешната седница. Ова значи дека се укинува карантинот за патниците од Африка и од Бразил.

„Владата донесе одлука за престанување на важноста на мерката со која сите домашни и странски физички лица – патници од земјите од африканскиот континент и Федеративната Република Бразил, кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Северна Македонија, задолжително да се упатуваат во 14-дневна изолација (карантин), односно оваа мерка да продолжи да се применува само за странски физички лица – патници од Република Индија“, соопшти Владата.

Во врска со епидемијата, на седницата министерот за здравство Венко Филипче информирал дека бројот на дијагностицирани и хоспитализирани лица е намален и следствено на тоа се затворени дел од ковид-центрите.

Во однос на постапката за масовна вакцинација на населението, Филипче информирал дека процесот на набавка на вакцини и вакцинација на населението се одвива добро, најавувајќи отворање на два дополнителни пункта за имунизација во Велес и Прилеп.

Спонзорирано: