10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Унгарија ги укинува рестриктивните мерки, вклучително и полицискиот час

Унгарија ќе ги укине повеќето од рестриктивните мерки воведени поради Ковид-19, вклучително и ноќниот полициски час, штом бројот на вакцинирани викендов ќе достигне граница од пет милиони, рече премиерот Виктор Орбан.

Тој за државното радио изјави дека маските повеќе нема да бидат потребни на јавни места и дека собири до 500 луѓе може да се одржат на отворено.

Премиерот додаде дека ќе бидат дозволени и свадби со најмногу 200 гости.

Спонзорирано: