14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Најмалку 62 лица загинаа во циклон во Индија

Најмалку 62 лица го загубија животот во циклон што ја погоди Индија последниве денови, соопштија индиските власти.

Во циклонот во близина на Западниот Брег на Индија потона нафтена платформа при што загинаа 26 вработени на платформата.

Спасувачки бродови и авиони трагаат по уште 49 лица од платформата, кои се водат како исчезнати.

Циклонот „Тауктае“ предизвика бранови високи и до 7,6 метри, а најсилно ги погоди индиските држави Махараштра и Гуџарат, каде што остави пустош.

Спонзорирано: