21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
СВЕТ

Трагедија на роденден во Србија: Александар претепан до смрт – неговите најблиски во неверување

26-годишниот Александар Стојменовиќ од Алексинац се здобил со смртоносни повреди во главата во тепачка на тераса на кафеаната „Оаза“, за која осомничени се 9 лица.

Александар настрадал во тепачката. Починал на лице место, а полицијата истражува кој го сторил злосторството. На сослушување се приведени 9 лица, информира Курир,рс

Трагедијата се случила завчера на прославата за полнолетство на другарката на Александар.

-Во кафеаната се гледаше препирање на неколку момчиња и јас исто така случајно излегов на балкон и видев дека децата се тепаат, се обидов да ги смирам, а потоа видов момче како лежи на подот на терасата. Целиот пребледев. Веднаш почнав да му удирам шлаканици, затоа што беше без свест. Еден човек дојде и се обиде да му го извади јазикот. Завладеа паника. Повикавме Брза помош, но ни беше кажано дека не можат да дојдат затоа што се на терен. Веднаш приватно повикавме еден анестезиолог. За мене сето тоа траеше цела вечност, а дури на крајот видов дека момчето крвари.Како дојде до тоа тој да падне и да се повреди навистина не знам, рекол очевидец за Курир.рс Тој вели дека Итната помош не дошла веднаш, па го ставиле во возило и го однеле во Општата болница во Алексинац од каде во тешка состојба бил пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Ниш.

Во дворот на родната куќа на Александар се собрале другари и другарки во неверување дека такво нешто му се случило на еден спортист, вредно момче кое неколку години работело во една продавница.

-Во Алексинац живееше со баба му и дедо му. Алекса имаше девојка и активно се занимаваше со фудбал, иглаше за еден клуб во Сокобања. Неговата мајка кона инаку живее во Шведска, веднаш дојде во Србија. Работеше пред одењето во странство во продавницата, па Александар дојде на нејзино место – вели нивниот сосед.

Обвинителството на Основниот суд нво Алексинац наложило обдукција на телото, така што ќе се дознаат повеќе детали за неговата смрт. Засега никој не знае што точно се случило.

Спонзорирано: