16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку осум деца и учител убиени во пукање во Русија

Според првичните информации од руските медиуми, шест деца и наставник биле убиени во пукање во рускиот град Казањ.

Но, бројката на пријавени жртви во меѓувреме се зголеми, па така според агенцијата „Франс прес“ убиени се најмалку 9 лица, од кои 8 ученици и еден наставник.

Евакуацијата на децата од училиштето е во тек. Предупредување дека снимката во продолжение е вознемирувачка.

Претходно беше објавено дека непознати лица отвориле оган во близина на образовната институција, а подоцна се слушнала и експлозија.

Весникот „Газета“ наведува дека специјални единици влегле во училишниот двор и дека еден од сторителите, кој наводно е тинејџер, е уапсен. Според порталот „База“, еден од напаѓачите е 19-годишниот Илназ Ренатовиќ Гаљавиев. Гаљавиев наводно матурирал во тоа училиште.

Се појави и информација дека друг напаѓач бил застрелан. Инаку, градот Казањ е главен град на руската република Татарстан.

Спонзорирано: