12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Фаучи: Наскоро без маски во затворен простор, мора да почнеме да живееме послободно

Луѓето би можеле да продолжат да носат маски уште неколку години за да спречат ширење на респираторни инфекции, изјави Ентони Фаучи, главниот медицински советник во Белата куќа.

Тој додаде дека луѓето главно се навикнаа да носат маски за време на пандемијата на коронавирусот , па многумина веројатно ќе продолжат да ги носат и за време на сезонски вируси како што е грипот.

Масовното носење маски во САД доведе до голем пад на смртноста од сезонски грип.

„Оваа година практично имаме непостоечка сезона на грип“, изјави Фаучи за „Ен-би-си“.

Тој исто така рече дека како што вакцинираат федералните власти, што е можно повеќе Американци наскоро ќе ги релаксираат мерките поврзани со носење маски во затворено.

„Ние мора да почнеме да живееме послободно бидејќи имаме се повеќе вакцинирани“, нагласи тој.

Во САД досега повеќе од половина од возрасните се вакцинирани со најмалку една доза на вакцина, од кои 43 проценти се ревакцинирани.

Спонзорирано: