17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран го обвини Вашингтон за инцидентот во кој американски брод пукаше кон нивни чамци

Иранската елитна револуционерна гарда (ИРГЦ) ја префрли вината за последниот инцидент во Персискиот Залив врз САД, обвинувајќи ги нивните воени бродови за непрофесионално однесување и провокативно пукање, пренесува РТ.

ИРГЦ го прекина молкот за инцидентот што се случи денеска, давајќи свој приказ на дуелот меѓу вооружените чамци на ИРГЦН и бродот на американската крајбрежна стража „Мауи“, што се случи рано во понеделникот.

„Групата воени бродови на САД се однесуваат непрофесионалн, летајќи хеликоптери, исфрлајќи ракети и пукајќи бесцелно и провокативно. Би било подобро за Американците да избегнуваат непрофесионално однесување и да не ја загрозуваат безбедноста на Персискиот Залив со почитување на правилата и прописите на морето “, рекоа од ИРГЦ во изјавата објавена од иранските медиуми.

Извештајот на ИРГЦ за инцидентот ефективно ја отсликува изјавата на Пентагон за расправијата во Заливот. Говорејќи во понеделникот, портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, ги обвини иранските вооружени чамци дека дејствуваат многу агресивно и дека се доближуваат до американската поморска група со голема брзина.

„Голема група брзи чамци на ИРГЦ изведе небезбедни и непрофесионални маневри без почит кон безбедноста на американските сили како што се бара според меѓународното право“, рече Кирби, додавајќи дека американскиот воен брод испукал 30-тина истрели за да ги предупреди иранските пловни објекти.

Спонзорирано: