3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Црна Гора го укина полицискиот час

Здравствените власти на Црна Гора донесоа одлука за укинување на полицискиот час кој важеше од полноќ до пет наутро, откако епидемиолошката состојба во земјата продолжи да се подобрува.

Новата одлука дозволува патување меѓу општините и за време на викендите, што досега беше забрането, и дозволува музика во живо на терасите во кафулињата од 19 до 22 часот, додека останува обврската да се носат заштитни маски на отворено и во затворен простор и како и забраната за групирање.

Во втората половина на април, Црна Гора речиси го нормализираше животот со ублажување на скоро сите епидемиолошки мерки.

Исто така, на почетокот на мај, со голем одзив од граѓаните, започна масовната вакцинација на населението во Црна Гора, така што за една недела беа вакцинирани скоро 17 проценти од вкупното население во таа земја со една доза.

Од почетокот на пандемијата, во Црна Гора се потврдени 98.449 случаи на коронавирус, а починаа 1.544 луѓе.