18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република.

Потполковник на македонската армија, кој учествувал во Европската мисија во Централноафриканската Република, доцна вечерва ќе биде донесен на лекување на Инфективната клиника во Скопје, истакна Шекеринска.

Според неа, станува збор за воено лице, кое минатата недела било тетсирано на Ковид-19 и по препораки на медицинските експерти од Мисијата, тој со медицинска евакуација, во соработка со европските служби за надворешни односи, ќе биде префрлен на лекување во Скопје.

И министерот за здравство, Венко Филипче, потврди дека со посебен транспорт ќе биде пренесено воено лице на АРМ заразено од коронавирус во таа земја.