17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Родители во Италија толку силно го лулале своето бебе што му предизвикале крвавење во мозокот

Родители на осуммесечно девојче се осудени по три години затвор во Италија затоа што толку силно го треселе своето дете што предизвикало крвавење во мозокот на девојчето, а последица од тоа е трајно оштетување на видот, пишува весникот „Фанспејџ“.

Станува збор за таканаречениот синдром на тресење на децата.

Родителите, 50-годишен татко и 34-годишна мајка, го донеле повреденото дете во болница тврдејќи дека паднало од креветот, а кога лекарите се посомневале во вистинитоста на нивните зборови, таткото, и покрај медицинскиот совет, потпишал изјава дека го изнесува детето од болницата на сопствена одгворност.

Девојчето, по неколку дена, повторно било хоспитализирано, а потоа медицинските прегледи потврдиле дека станува збор за синдромот на тресење дете.

Овој синдром, кој се јавува по силно лулање, односно тресење на малите деца, се смета за тешка форма на физичка злоупотреба на децата и е најчест кај деца до една година.

Според статистичките податоци, синдромот на тресење дете е прв на списокот за причинители на смрт кај новороденчињата.

Многу често ваквите случаи се јавуваат откако детето неутешно плаче, што може да предизвика бурна реакција од родителите.