13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Седум починати и 289 нови случаи на коронавирус во Словенија

Во последните 24 часа во Словенија од коронавирус починаа седум лица. Нарпавени се 2.406 тестови, а потврдени се 289 нови случаи или 12 проценти, што е најмал удел на позитивни наоди од 12 октомври минатата година.

Вкупно 499 лица се во болница, со што се исполнува еден од условите за понатамошно олеснување на мерките. Просечниот број на дневни инфекции на неделно ниво се намали на 619.

Вакцинирани се 251.755 лица, или 23 проценти од населението.

Благодарение на подобрувањето на епидемиолошката состојба, од утре, хотелите со повеќе од 60 соби ќе можат да понудат сместување во повеќе од половина од капацитетите, под услов гостите да го прележале коронавирусот во последните шест месеци, да се вакцинирани или да имаат негативен тест.

Владата објави дека вакцинирањето на помладите категории кај населението ќе започне утре, иако постарите и ризичните категории ќе продолжат да имаат предност.