21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Процесот на масовна имунизација се спроведува со одлична динамика

Процесот на масовна имунизација се спроведува со одлична динамика, велат од СДСМ. Партијата ги повика граѓаните да се пријавуваат за вакцинација.

„Процесот на масовна имунизација против коронавирусот се спроведува со одлична динамика и темпото на вакцинација во државата расте од ден на ден, системот функционира беспрекорно и без тешкотии. Масовната имунизација, освен во Скопје, се одвива и во вакциналните пунктови во Тетово, Битола, Кавадарци, Охрид, Штип и во Куманово, а во наредните денови се очекува отворањето на вакциналните пунктови за масовна имунизација во Велес и Прилеп“, велат од СДСМ.

Над 119.000 граѓани се вакцинирани досега во нашата држава. Од нив, 21.890 граѓани примиле две дози вакцина против коронавирусот. Вкупно 256.346 граѓани се пријавиле за вакцинација.

„Граѓаните да се пријавуваат за вакцинација, сите вакцини се безбедни, нема контраиндикации и нема никакви последици од вакцините. Масовната вакцинација е клучна во градењето колективен имунитет и ставањето крај на пандемијата на коронавирусот“, велат од СДСМ.

Спонзорирано: