18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Масовна вакцинација на граѓани на возраст од 18 до 50 години во Словенија

Во Словенија денес почнува масовна вакцинација против коронавирусот на граѓани на возраст од 18 до 50 години, најави словенечкиот премиер, Јанез Јанша.

Тој изјави дека масовната вакцинација е овозможена со поголеми количини испорачани вакцини и воведување централизирана платформа за регистрација и евиденција на вакцинирани. Јанша на „Твитер“ напиша дека во мај ќе има на располагање повеќе од 450.000 вакцини, а потоа и поголеми количини.

Во Словенија досега повеќе од 20 проценти од вкупното население примиле една доза вакцина.