13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Добра вест: Се олабавуваат мерките – полицискиот час ќе почнува од полноќ

Кризниот штаб предложи олеснување на рестриктивните мерки – полицискиот час да почнува од 24 часот, угостителските објекти да работат до 23.30 часот, а да бидат дозволени настани и во затворениот дел на објектите со исполнетост на 30 отсто од капацитетите.

Главниот координативен кризен штаб за утрешната седница на Владата препорача од 12 мај полицискиот час да почнува од 24 часот до 5 часот.

Соодветно на ова, дозволено време за работа на угостителските објекти во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23.30 часот.

Сите настани може да се одржуваат во согласност со наменските протоколи, со исполнетост до 30 % од капацитетот на затворениот простор.

Наменскиот протокол за згрижени деца во детските градинки да се измени, односно се дозволува зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група.

Вежбалниците и фитнес-центрите може да почнат со вршење на својата дејност во објектите.

Исто така, се предлага да се дозволи користење на годишните одмори за здравствените работници.

Овие мерки ќе важат до 18 мај.

Спонзорирано: