13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Од понеделник масовна вакцинација против Kовид-19 во Словенија

В понеделник во Словенија ќе почне масовна вакцинација со достапни вакцини против Ковид-19, што е овозможено благодарение на поголеми количини испорачани вакцини и воведување централизирана платформа за прјавување за вакцинација и за евиденција на вакцинираните, објави словенечкиот премиер Јанез Јанша.

„Вакцинацијата на сите на возраст меѓу 18 и 50 години ќе почне в понеделник, а до летото ќе обезбедиме доволно вакцини за сите други“, рече Јанша во објавата на „Твитер“, додавајќи дека повеќе од 450.000 вакцини ќе бидат достапни во Словенија во мај, а потоа и поголеми количини.

„Да бидеме одговорни пред себе и другите, да се вакцинираме и да издржиме уште неколку недели – нè чека нормално лето“, им рече Јанша на граѓаните.

Министерот за здравство Јанез Поклукар испрати оптимистички пораки дека се ближи крајот на третиот бран на епидемијата, претставувајќи единствена национална платформа, апликација што ќе овозможи подобро управување со процесот на вакцинација и на која граѓаните ќе можат да се пријават.

Што се однесува до моменталната епидемиолошка состојба, тој рече дека остануваат уште неколку недели до „зелената“ фаза, кога ќе бидат укинати повеќето ограничувања.
„Забележуваме бавно, но релативно постојано намалување на бројот на новозаразени. Сега сме на платото на третиот бран, а до зелената фаза има уште неколку недели”, рече Поклукар.

Спонзорирано: