9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски: Ги подобруваме условите за работа за да ја зголемиме ефикасноста на полицијата

„Министерството за внатрешни работи вчера го промовираше 55-тиот реконструиран објект на македонската полиција во Ресен. Добри услови за работа се една од клучните работи за мотивирани полициски службеници, а доколку тие се мотивирани тогаш безбедноста и ефикасноста ќе бидат на повисоко ниво. Тоа е наш врвен приоритет од самиот старт“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неговото гостување во вестите на „Канал 5“ во пресрет на 7 Мај – Денот на македонската полиција.

Министерот спасовски додаде дека полициските станици се местото каде што доаѓаат граѓаните и претставуваат огледало на државата, а со средени полициски станици и мотивирани полициски службеници се гради и довербата и чувството на припадност.

„Педесет и пет објекти се целосно реконструирани по сите стандарди за енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Тоа е придонес на Министерството за внатрешни работи за заштитата на околината“ изјави Спасовски.

Министерот додаде дека ова раководство на МВР продолжува со подобрување на условите за работа на полициските службеници преку набавка на опрема.

„Во 2015 имавме едвај 7 дрегери и 10 радари, а денес имаме сериозна опрема и значително подобрени резултати. Минатата година ја завршивме со најдобри резултати во полето на сообраќајот во последните 30 години, а на завидно ниво се и резултатите во намалувањето на криминалитетот“ изјави Спасовски.

Спонзорирано: