14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Вакцините на „Фајзер“ наскоро и за деца под 16 години

Американската агенција за лекови наскоро ќе одобри вакцинирање на млади Американци на возраст од 12 до 15 години со вакцина од компанијата на „Фајзер/Бионтек“.

Во извештајот „Њујорк Ттајмс“ цитираше официјално лице коe вели дека одлуката со нетрпение се чекала бидејќи компанијата соопштила дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека клиничките испитувања покажале дека стимулира силен имунолошки одговор на организмот, пренесува „Ројтерс“.

Инаку, вакцините на „Фајзер/Бионтек“ во САД се одобрени за употреба за население од 16 години и повеќе.