Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Казни за 103 возачи во Скопје, возеле над дозволената брзина

Фото: Centar.mk

На територијата на Град Скопје биле изречени вкупно 142 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина казнети биле 103 возачи, шестмина возеле без возачка дозвола.

Изречени биле и 21 казна за прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила, информираат од МВР.

Од таму потенцираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.