22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мистериозна смрт на швајцарска дипломатка, паднала од зграда во Иран

Дипломатка од швајцарската амбасада во Техеран загина во вторникот откако паднала од висока зграда во која живеела на северот од градот, пренесоа иранските новински агенции.

Вработената во амбасадата имала 51 година, изјави портпарол на Службата за итни случаи, според полуофицијалната новинска агенција ИСНА.

Дипломатката која загина при пад од зграда во Иран беше прва секретарка на швајцарската амбасада, пренесува полуофицијалната новинска агенција Мехр.

Таа живеела на 18. кат во зградата, објави полуофицијалната новинска агенција ИЛНА, повикувајќи се на свој известувач.

Ниту еден извештај не содржи информации за околностите на нејзината смрт.

Швајцарија ги застапува дипломатските интереси на САД во Иран откако Вашингтон и Техеран ги прекинаа врските непосредно по Исламската револуција во 1979 година.

Спонзорирано: