Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис Во тренд...

Дизелот поскапува – Ова се новите цени на горивата

фото Pixabay

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26% во однос на Одлуката од 26.04.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.04.2021 година.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,149 ден/кг и сега ќе изнесува 34,443 ден/кг.

Од 5.5.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 59,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 58,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,443 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,243%, дизелот за 2,111%, екстра лесното масло зголемувањето е за 1,287% и кај мазутот за 0,048%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,524%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.5.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.