20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Албанија: Рама собира потписи за да го отповика претседателот Мета

Албанската социјалистичка партија на премиерот Еди Рама досега собра потписи на 47 пратеници за да започне постапка за отповикување на претседателот Илир Мета.

Се очекува иницијативата за разрешување на претседателот Мета да биде доставена до албанскиот парламент во текот на денот, по што ќе се формира истражна комисија која ќе го разгледа барањето, пренесува Косово-онлајн.

Социјалистичката партија, која на неодамнешните парламентарни избори го освои мнозинството места во албанскиот парламент, веќе објави дека ќе побара Собранието да го отповика претседателот Мета, заради наводно кршење на Уставот и учество во изборната кампања.