10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Србија: Починаа 23 лица, 989 новозаразени

Според официјалните податоци, во последните 24 часа починале уште 23 лица како резултат на коронавирусот во Србија, така што вкупниот број на жртви се зголеми на 6.409, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство covid19.rs.

Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, 6.320 лица се тестирани за коронавирус, а регистрирани се 989 нови случаи на инфекција.

Има 153 пациенти на респиратори.

Вкупно хоспитализирани се 4549 лица.

Од почетокот на епидемијата, 691.920 случаи на инфекција се официјално потврдени во Србија.

Стапката на смртност е 0,93 проценти.

До 15 часот на 2 мај 2021 година, во Србија беа тестирани вкупно 3.853.869 лица кои ги исполнија критериумите за дефинирање на случајот.