24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

СЗО: Во Европа има повеќе вакцинирани отколку заразени лица од коронавирус

Во Европа сега има повеќе вакцинирани отколку заразени лица од коронавирус, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

„Поминаа 462 дена откако беа пријавени првите случаи во Европа“, рече регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Оттогаш, додаде тој, вирусот е откриен кај 5,5 проценти од вкупната популација во Европа, а 7 проценти се целосно вакцинирани.

„Првпат по два месеца, Европа забележа значителен пад на бројот на нови инфекции минатата недела“, рече Клуге истакнувајќи дека, сепак, бројот на случаи е сè уште многу висок.

СЗО во европскиот регион вклучува повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги Украина, Русија и Турција.

Досега се пријавени 51,3 милион случаи во овие земји, вклучително и речиси 1,37 милион во изминатата недела. Експертите велат дека реалниот број на случаи веројатно е многу поголем од официјалниот број.