24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон пред голем пораз – Марин Ле Пен со големи шанси за победа на изборите во Франција

Француската десничарска лидерка Марин Ле Пен ги зголеми своите шанси за победа во првиот круг на претседателските избори закажани за 2022 година, покажуваат најновите анкети.

Како што објави весникот „Журнал де диманш“, Ле Пен би имала големи шанси да победи во првиот круг од изборите доколку тие се одржеа денес.

Лидерката на Националниот фронт, според истражувањето спроведено од компанијата „Ифоп-Фидусијал“, би загубила во вториот круг од Емануел Макрон, кој би освоил 54 проценти од гласовите, а таа би добила 46 проценти.

Заменик-генералниот директор на „Ифоп“, Фредрик Даби, рече дека ваквите резултати ја одразуваат силната динамика на Ле Пен, како и тешкотиите што ги има претседателот Макрон со здравствената криза предизвикана од пандемијата.

Во моментот бројот на смртни случаи предизвикани од коронавирусот во Франција достигна речиси 100.000.

Даби додаде дека Ле Пен никогаш порано немала толку добри резултати, особено ако се земе предвид дека останува само една година до изборите. Од друга страна, поддршката за Макрон падна на 33 проценти претходно овој месец, според истражувањето објавено од компанијата „Елаб“.