26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Откриен прв случај на индискиот вид коронавирус во Романија

Романија го откри првиот случај на опасниот вид кој е доминантен во Индија, соопшти денеска Министерството за здравство.

Индискиот вид бил дијагностициран кај помлад пациент (26), кој пристигнал во Романија пред еден месец и имал поблаги симптоми.

Министерството соопшти дека Романскиот институт за јавно здравје верува оти откриениот мутиран тип на Ковид-19 не е многу заразен, иако се верува дека предизвикал голем број новозаболени во Индија.

Министерството исто така го следи кластерот на коронавирус кај градежните работници кои неодамна пристигнаа од Индија во областа Брашов.

Во Романија 1.850 лица се разболеле од Ковид-19 денес, што значи дека вкупниот број заразени од почетокот на пандемијата на вирусот надмина 1,05 милион, а починале 27.971 пациент.