18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

„Бионтек“ тестира вакцини против коронавирусот врз бебиња

Првите резултати од тестирањето на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирус кај бебиња на возраст од шест месеци ќе бидат познати во септември, пишува германскиот весник „Шпигел“.

Првите резултати од вакцинацијата на деца од пет до 12 години ќе бидат познати во јули, а во септември за најмладите, бебињата, изјави извршниот директор на компанијата „Бионтек“, Угур Сахин, за германскиот весник. Според него, потребни се од четири до шест недели за да се анализираат сите податоци.

„Ако сè оди добро и кога ќе се проценат сите податоци, ќе можеме да поднесеме барање за регистрација и употреба на вакцината и за најмладата популација“, посочи тој.

Раководството на „Фајзер/Бионтек“ веќе побара од регулаторните тела во САД да одобрат вакцина против коронавирусот за деца на возраст од 12 до 15 години, а Сахин вели дека компанијата со која управува е во последната фаза на подготовка да побара дозвола и од европските регулаторни тела.