17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Милошоски за разрешувањето на Пауновски: Oваа власт прифаќа само криминогено однесување

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, изрази голема загриженост од односот на Владата кон директорот на таа институција, кој, како што рече, е разрешен бидејќи си ја вршел работата како што треба.

„Гледаме дека оваа Влада, за жал, кога има такви луѓе што покажуваат интегритет, ги разрешува, а кога има луѓе каде што има сериозни индикации за криминогено однесување, не ги разрешува, напротив, ги унапредува или штити“, посочи Милошоски.

Тој смета дека случајот со директорот Пауновски само покажува дека институциите се диригирани од власта и секое покажување самостојно мислење може да биде ризично за, како што рече, фукционер што се осмелува да работи законито.