9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Турција најави апсења на 500 лица под сомнение дека се поврзани со Ѓулен

Турското државно обвинителство издаде налог за апсење на 532 осомничени лица, од кои 459 се во воена служба, поради наводни врски со проповедникот Фејтулах Ѓулен, кого официјална Анкара го обвини за обид за државен удар во 2016 година, пренесе агенцијата Анадолија.

Во извештајот е потврдено дека акцијата за трајно неутрализирање на антидржавната мрежа на свештеникот Ѓулен, кој живее во егзил во САД, ќе биде спроведена во 62 турски провинции, пренесува Ројтерс.

Повеќе од 250 лица беа убиени за време на интервенцијата на турските безбедносни сили во јули 2016 година.

Ѓулен ги негираше обвинувањата дека тој стои зад неуспешниот пуч, по што беа покренати судски процеси против повеќе од 80.000 луѓе, а над 150.000 лица беа отпуштени од работните места во граѓанскиот и воениот сектор.

Спонзорирано: