14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Индија пред колапс, здравствените работници во солзи предупредуваат- кислород ќе има уште неколку часа

Болниците во Делхи утрово издадоа предупредување за итни случаи, велејќи дека им преостанале само неколку часови за снабдување со кислород, бидејќи уште еден страшен бран со Ковид-19 го погоди здравствениот систем во поголемите индиски градови.

Вработените во болниците вчера и денеска објавија алармантни пораки на социјалните мрежи, во кои се наведува дека тие не се во можност да се справат со барањата на пациентите и бараат помош од владата, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Индија објави најголемо дневно зголемување на заразени случаи од Ковид-19 во светот денеска втор ден по ред, откако регистрираше 332.730 новозразени случаи со коронавирус и 2.263 смртни случаи, бидејќи, како што беше објавено, пандемијата е излезена од контрола.

Ројтерс известува дека, во услови на недостиг на кислород, вооружени полициски сили биле распоредени дури и пред централата за производство на медицински кислород, со цел да се обезбеди безбедност.

Неколку болници, вклучувајќи ја и болницата Шанти Муканд во западен Њу Делхи, со 110 пациенти заразени со Ковид, изјавија дека речиси е потрошено снабдувањето со кислород.

Извршниот директор на таа болница, претходно низ солзи изјави, дека ќе отпушти некои пациенти, поради недостиг на кислород, и бидејќи во болницата нема ништо што, како што рече, би можело да им помогне.

Спонзорирано: