22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пахор: Интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на словенечкото претседателство со ЕУ

Интеграцијата на Западен Балкан ќе биде во фокусот на агендата за време на претседателството на Словенија со Советот на ЕУ, рече словенечкиот претседател, Борут Пахор, за време на состанокот со црногорскиот министер за одбрана, Оливер Инјац, додавајќи дека Црна Гора може да смета на политичката и на експертската помош на Словенија, известуваат медиумите во регионот.

Како што е наведено, Пахор оценил дека традиционално добрососедските односи меѓу двете земји се засноваат на интензивен политички дијалог, заеднички вредности и значајна соработка во многубројни области.

„Тој исто така го посочи очекувањето преговорите на Црна Гора со ЕУ да продолжат со побрзо темпо и Црна Гора да стане првата следна членка на Унијата. Во тој контекст тој истакна дека интеграцијата на Западен Балкан ќе биде во фокусот на агендата за време на нивното претседателствување додавајќи дека можеме да сметаме на политичката и на експертската помош на Словенија“, се вели во соопштението од црногорските власти.

Истовремено, биле поздравени планираните приоритетни цели на Република Словенија за време на претстојното претседателство со Советот на Европската Унија, кое ќе почне во јуни 2021 година.