17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Бројките од Австрија покажуваат колку е ефикасна вакцинацијата

Само 10 проценти од новозаразените со коронавирус во Австрија се на возраст над 65 години, што укажува на тоа дека кампањата за вакцинација во таа земја почнува да функционира.

Од 17.135 новозаразени минатата недела, 10,2 проценти, или 1.743, биле на возраст над 65 години, што укажува на тоа дека вакцината почнува да дејствува.

Меѓу граѓаните постари од 85 години, 71 процент од мажите и 65 проценти од жените ја примиле барем првата доза на вакцината.

Во возрасната група помеѓу 75 и 84 години, вакцинирани се 69 проценти од мажите и 67 проценти од жените, а во возрасната група од 65 до 75 години, 44 проценти од мажите и 42 проценти од жените биле вакцинирани.

Во Австрија, 1,76 милиони граѓани, односно 23,36 проценти од населението, ја примиле првата доза на вакцината досега. Дадени се две дози на 718.314 лица – 9,54 проценти од населението.

Учеството на млади под 25 години меѓу новите случаи сега е 30,7 проценти.

Просечната возраст на нови случаи во Австрија минатата недела беше 37,6 години, а до пред една година 56,7 години.

Спонзорирано: