23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Франција нуди 2.500 евра за замена на старите автомобили со електрични велосипеди

Франција им нуди на сопствениците на стари автомобили со мотори со внатрешно согорување 2.500 евра да ги однесат во отпад и да ги заменат со нов електричен велосипед.

Мерката го доби потребното мнозинство на прелиминарното гласање во парламентот, а владата ја предложи во форма на измени и дополнувања на нацрт-законот насочен кон намалување на емисиите на стакленички гасови за 40 проценти од нивото во 1990 година.

Доколку добие поддршка од пратениците на последното гласање за законот, Франција ќе стане првата земја во светот што ќе им понуди на граѓаните можност да заменат старо возило со електричен или склопувачки велосипед, соопшти Француската федерација на корисниците на велосипеди (FUB).

„Тие сфатија дека решението не е да се направат автомобилите позелени, туку, едноставно, да се намали нивниот број“, рече претседателот на ФУБ, Оливие Шнајдер.