15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

СЗО: Нерамнотежата во дистрибуцијата на вакцини е шокантна

Шокантна нерамнотежа е присутна во дистрибуцијата на вакцини против коронавирусот во светот и повеќето земји немаат доволно дози за да ги вакцинираат здравствените работници и ризичните групи, рече директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус.

„Повеќе од 700 милиони дози вакцини се искористени во светот, сепак 87 проценти од нив се во земји со висок и среден приход, а земјите со ниски примања добија само 0,2 проценти“, рече тој.

Во просек, додаде Гебрејсус, во земјите со високи примања вакцинирано е речиси едно од четири лица. Во земјите со ниски примања, пак, од над 500 луѓе, вакцинирано е едно лице.