8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Прва трансплантација на ткиво од бели дробови кај поранешен ковид-пациент

Лекари во Јапонија денеска објавија дека успешно ја извршиле првата трансплантација на ткиво на белите дробови од жив донор на пациент што имал сериозно оштетување на белите дробови предизвикано од Ковид-19.

Примателот е жена од западниот регион Кансај, а таа закрепнува по речиси 11 часа долгата операција извршена во средата, соопшти универзитетската болница во Кјото, од каде што додаваат дека нејзините сопруг и син, кои се донори на дел од своите белодробни крила, се во стабилна состојба, објави агенцијата АП.

Универзитетот додаде дека ова е прва трансплантација во историјата на ткиво на бели дробови од жив донор на пациент со оштетување од Ковид-19.

Трансплантациите од донори кај кои е прогласена мозочна смрт се ретки, а живите донори се пореална опција за пациентите, се додава во соопштението.

„Ние демонстриравме дека сега имаме можност за трансплантација на бели дробови од живи донори. Мислам дека ова е третман што им дава надеж на пациентите со сериозно оштетување на белите дробови од Ковид-19“, рече докторот Хироши Дате.