24.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: ВМРО ДПМНЕ не алармираше туку саботираше, ваква акција не се организира преку ноќ

„Оној дел од истрагата во врска со доказите е завршен со приведувањето на овие припадници на МВР, но продолжува акцијата на меѓународно ниво, работиме заедно со Интерпол и секој нов доказ што се појавува истрагата ќе се проширува. Од почетокот на 2019 година се работи на овој случај, уште тогаш се појавуваат првите индиции. Имавме пред неколку месеци друга група која ја приведовме за издвање нелегални возачки дозволи. За секое лице за кое имаме доказ е приведено.“ – изјави министерот за внатреши работи, Оливер Спасовски, во вестите на Канал 5.

Посочи дека целата акција е транспарентна со отчет пред јавноста. Јавен обвинител ја водел истрагата и таа завршила во моментот кога се проценило дека има доволно доказен материјал.

„Како може да е точно дека ВМРО ДПМНЕ алармирале, па дали е можно преку ноќ, во неколку часови да завршите една ваква комплексна акција, да соберете толку докази… Имаше обид да се саботира акцијата и тоа е факт и за тој факт очекувам да реагира ЈО да видиме што е во позадина на нивниот јавен настап.“- дополни Спасовски.