10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден го покани Путин на самит за климатски промени

Москва и Вашингтон се во контакт во врска со учеството на Русија на самитот за климатски промени, на кој американскиот претседател Џозеф Бајден го покани шефот на руската држава, Владимир Путин, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Москва.

Наведено е дека Русија чека дополнителни информации од САД, пред да донесе одлука за форматот на можно учество на состанокот.

Белата куќа објави дека ги поканила Путин и кинескиот претседател Шјиј Џинпинг на самитот, што ќе се одржи на 22 и 23 април.

Спонзорирано: