24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Покраината Сар прва во Германија излезе од блокада

Сар во западна Германија е прва од 16 германски сојузни држави што излегоа од националното затворање, а нејзиниот водач ги оправда мерките за ублажување со релативно ниската стапка на зараза и обемното тестирање на Ковид-19.

Од вторник е дозволено отворање ресторани со тераси, кина, театри, спортски сали и други јавни места за луѓе кои можат да покажат негативен брз антигенски тест, кој не е постар од 24 часа.

Групи од 10 лица со негативен тест ќе можат да се соберат надвор.

„По една година пандемија треба да размислиме за повеќе работи, не само за затворање и ограничување“, рече премиерот на Сар, Тобијас Ханс, додавајќи дека ниту една зараза со коронавирус нема да остане незабележана.

Во споредба со состојбата на национално ниво, стапката на зараза во Сар е мала. Нејзината седумдневна инциденција на нови зарази на 100.000 жители е под сто, а во неделата беше 88,2.

Спонзорирано: