22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Словенија 283 новозаразени со Ковид-19, укинато велигденското олеснување на мерките

Во Словенија регистрирани седум починати лица како последица од Ковид-19 во последните 24 часа, а потврдени се и нови 283 заразени со коронавирус, објави владата во таа земја.

Со помал број тестови, бројот на новозаразени е помал од претходниот ден, кога беа евидентирани 720 лица, а процентот на позитивни тестови се намали од 25,7 на 18,4 проценти.

Но, сепак седумдневниот просек на заразени во еден ден се искачи на 1.058 лица . Процентот на позитивни тестови се искачи на 25,7 проценти од 16,2, пред една недела, пишуваат тамошните медиуми.

Во моментов, хоспитализирани се 557 пациенти со Ковид-19, во споредба со вчерашните 535, а 126 од нив се на одделите за интензивна нега.

Бројот на активни случаи на заразени со коронавирус во Словенија сега изнесува 14.104, соопшти Министерството за здравство.

За разлика од неделата, кога за време на Велигден до шест членови на семејство им беше дозволено да се дружат и им беше дозволено да ги преминуваат границите на регионите, од денеска тоа веќе не е можно и сите ограничувачки мерки донесени минатата недела се повторно во сила до 11 април, за да се спречи тешкиот трет бран на пандемија.