25.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Захарова: САД не испраќаат разумни сигнали до Русија

Новата администрација на Вашингтон не испраќа разумни сигнали до Москва за спречување ескалација во ракетната сфера, додека реализацијата на воените програми на САД и Велика Британија го стеснуваат просторот за политичко и дипломатско решение на ова прашање, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Спроведувањето на ваквите воени програми се забрзува, што очигледно доведува до стеснување на просторот за решавање политички и дипломатски проблеми по Договорот за ИНФ-Договор за елиминација на ракети со среден и краток дострел и спречување сериозна ескалација во ракетна сфера“, изјави Захарова, пренесува ТАСС.

„Сè се случува во отсуство на кохерентни сигнали на оваа тема од страна на политичкото раководство на новата американска администрација, како и на огромното мнозинство американски сојузници во НАТО кои, како што покажа кризата со Договорот за ИНФ, создадоа консензус по ова прашање кое е од најголема важност за европската безбедност“, нагласи таа.