17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

Во оваа држава сè се отвора – по два теста ќе им доставува државата на домашна адреса

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека сите во Англија ќе имаат пристап до два бесплатни теста за ковид 19 неделно, поради планираното олеснување на мерките.

Се очекува Џонсон да објави план во текот на денот за повторно воспоставување меѓународни летови и повторно отворање на економијата, а масовното тестирање потоа може да спречи ширење на вирусот и да открие заразени лица кои немаат никакви симптоми.

И додека остатокот од Европа се затвора поради зголемениот број на пациенти, британскиот премиер планира да ги релаксира мерките во наредните месеци, што ќе биде голем поттик за една од економиите што е меѓу најтешко погодените од пандемијата .

„Бидејќи продолжуваме да напредуваме во областа на вакцинацијата и внимателно ги релаксираме ограничувањата, редовното брзо тестирање е поважно од кога било, така што сè што сме направиле досега не би било залудно“, рече Џонсон.

Министерот за здравство Едвард Аргар рече дека тестовите ќе бидат испратени на домашна адреса или може да се набават во аптеките и местата за тестирање. Тој вели дека им верува на луѓето дека ќе се изолираат доколку се позитивни на вирусот.

Масовното тестирање ќе им помогне на властите да го следат ширењето на вирусот, бидејќи земјата полека се отвора.

Продавниците, фризерите и градините на угостителските објекти се очекува да започнат со работа на 12 април, додека бројот на заразени во одредени земји и вакцинациите ќе бидат земени во предвид за меѓународните патувања. Се разгледува и воведувањето на „пасоши за вакцинација“ за масовни настани.

Засега меѓународното патување е суспендирано до 17 мај и не е познато дали тој рок ќе биде поместен.

Училиштата се отворија во средината на март, но бројот на пациенти не се зголеми, покажа масовното тестирање.

Во Британија, вакцинирани се повеќе од половина од возрасната популација.